30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Реал Мадрид без херојот Лунин во финалето против Борусија Дортмунд

Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд ќе биде без голманот Андриј Лунин, кој е еден од хероите и најзаслужните што Кралевите дојдоа на чекор од трофејот.

Украинецот не тренираше поради вироза, па се приклучи на тренинзите, но Карло Анчелоти одлучи тој да тренира индивидуално за да го заштити остатокот од екипата од можна зараза. Конечната одлука на Анчелоти е Лунин воопшто да не патува за Лондон, а се очекува Куртоа да застане меѓу стативите во финалето на „Вембли“.

- Оглас -

Најнови вести