Реал Мадрид без најдобриот играч ќе се обиде да го освои Суперкупот на Шпанија

Реал Мадрид се подготвува за дуелот против градскиот ривал Атлетико во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, но јасно е дека Кралевите ќе бидат без својот најдобар играч.

Килијан Мбапе има повреда на коленото и ќе паузира во следните три недели, што значи дека нема да биде во составот, во битката за првиот трофеј сезонава. Францускиот голгетер има феноменална сезона и во 24 меча во сите натпреварувања постигна 29 голови.

Мбапе не играше и на мечот против Бетис, но Реал убедливо славеше со 5:1, а прва ѕвезда на теренот беше 21-годишниот Гонзало Гарсија кој постигна хе-трик.

- Оглас -

Најнови вести