Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, го активира алармот во Кралскиот клуб. Французинот требаше да се врати на тренинг со останатиот дел од екипата, но ситуацијата се влошува.
На последната контрола, лекарите утврдиле дека повредата на мускулот уште е активна и дека не треба да се брза со враќање на Французинот на теренот.
Според сегашните прогнози, Бензема многу веројатно ќе го пропушти дуелот на Реал против Вилјареал на гости во Примера дивисион, но главната мисија е голгетерот да биде подготвен за дуелот против Пари Сен Жермен во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.
Бензема е прв стрелец и најдобар играч на Реал Мадрид сезонава, па доколку не биде подготвен за дуелот против ПСЖ, тоа сигурно ќе биде голем удар за Кралевите.