Реал Мадрид на вечерашното Ел Класико против Барселона за последен пат на дресовите ќе го има знакот на ФИФА на светски клупски шампион. По цели 1.098 дена владеење со светскиот клупски фудбал, Реал честа ќе му ја препушти на Ливерпул, Фламенго или Монтереј.
Следниот меч на Реал се игра в недела вечерта против Атлетик Билбао и за првпат по три години на дресот на Кралскиот клуб ќе го нема златното лого од Светското клупско на ФИФА. Дотогаш светот ќе добие нов клупски шампион, кој до наредното клупско СП ќе го има амблемот како потсетување дека е шампион на Светското клупско.
Коринтијанс од Бразил е единствениот неевропски клуб кој победил на Светското клупско првенство откако се игра по сегашниот формат, како наследник на Интерконтиненталниот куп.