Реал Мадрид џабе се жалеше за казната што ја доби Винисиус јуниор

Винисиус јуниор ќе мора да ги пропушти следните два меча во шпанското првенство и тоа поради суспензија заработена по гостувањето кај Валенсија. Бразилскиот напаѓач доби директен црвен картон откако без топка, со раце директно во главата го удри голманот на Валенсија, Столе Димитриевски.

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата за среќа не беше повреден, но Винисиус за намерното удирање во главата и тоа без топка, заработи два меча суспензија.

Од Реал Мадрид реагираа и се жалеа на оваа суспензија од два меча, но денеска стигна потврда дека жалбата на Кралскиот клуб е одбиена и Винисиус сепак ќе мора да оди на „ладење“ на наредните два дуели во првенството.

Реал Мадрид ќе ги пропушти мечевите против Лас Палмас на 19 јануари, како и гостувањето кај Валјадолид, дуел кој е закажан за 25 јануари. Во овој период Кралскиот клуб ќе игра и против Селта Виго на 16 јануари во Купот на Кралот и против Салцбург во Лигата на шампиони, а Винисиус ќе може да настапи на овие дуели.

- Оглас -

Најнови вести