Реал Мадрид до крајот на неделава ќе го отпушти тренерот кој ги води уште од 2011?

Лошите резултати на кошаркарскиот тим на Реал Мадрид во последно време придонесоа во клубот да се размислува за отпуштање на тренерот Пабло Ласо. Ласо цели 11 години е тренер на Реал, освои 21 трофеј, од кои две евролигашки титули.

Засега Ласо уште ја има поддршката од претседателот Флорентино Перес, но неделава ќе биде клучна дали ќе се смени тренерот. Реал утре гостува кај Црвена ѕвезда, па в четврток го пречекува Армани Милано, а викендов имаат дуел со Бургос во шпанската лига. Ако не се покаже напредок, лесно може да се случи Ласо да биде разрешен.

Ја нема препознатливата ефикасна игра на Кралскиот клуб, особено бековите и шутот од далечина им се катастрофа, а и Ласо призна дека состојбата во моментов е многу лоша, тимот е како да му се потрошиле батериите.

- Оглас -

Најнови вести