Реал Мадрид доби казна поради расистичките испади на нивните навивачи

Реал Мадрид доби казна од дисциплинската комисија на УЕФА за расистичкото однесување на нивните навивачи на реванш-мечот од Лигата на шампионите против Бенфика. Казната се однесува на делумно затворање на јужната трибината, но казната е само условна и ќе биде извршена само ако ваквото однесување на навивачите се повтори во следната една година.

Тоа значи дека против Манчестер сити во Лигата на шампионите, Кралевите ќе го имаат на располагање целиот капацитет на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид поради прекршокот ќе мора да плати и парична казна од 15.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести