Напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, не ја исклучува можноста на крајот од сезоната да потпише за Ливерпул, пишува францускиот весник „Паризиен“.
Договорот на Мбапе со Светците истекува на крајот од сезоната и тој од вчера е слободен да преговара со заинтересираните екипи.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека Мбапе одлично би се вклопил во неговиот систем на игра и наводно бара од управата уште сега да достави понуда до Мбапе.
Сепак, главен фаворит за потписот со одличниот напаѓач е Реал Мадрид, кој неколку години се обидува да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“.
И самиот фудбалер не крие дека сон му е да заигра во Реал Мадрид, но за да го исполни овој сон, мора во следните две недели да му потврди на првиот човек на Кралевите, Флорентино Перес, дека ќе се пресели во Шпанија.