Реал Мадрид доведе центар кој беше шампион во НБА и преживеа две граѓански војни

По заминувањето на Венсан Поарие во Анадолу Ефес, Реал Мадрид мораше да ангажира нов центар кој ќе го штити рекетот и ќе ја дели минутажата со Валтер Таварес, а изборот падна на 34-годишниот Серж Ибака.

Ибака кој има и шпанско државјанство, во Реал играше шест меча во 2011 година за време на локаутот во НБА, па ова му е враќање во Кралскиот клуб. Минатата сезона ја мина во Баерн Минхен каде имаше просек од 12,6 поени, 6,8 скока и 1,2 блокади по натпревар.

Ибака има 14-годишно НБА искуство, важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот. Со шпанската селекција има златен медал од Европското првенство во Литванија во 2011 година и сребрен медал од Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Во НБА, ја освои титулата во 2019 година како член на Торонто репторс.

Инаку, Ибака кој е роден во Конго, имал тешко детство, што преживеа две граѓански војни. Емигрираше на 17-годишна возраст во Франција, а потоа се пресели во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести