Реал Мадрид дресот со број 9 ќе му го додели на Душан Влаховиќ?

Душан Влаховиќ станува главен кандидат за прв напаѓач на Реал Мадрид во следната сезона, во случај Кралскиот клуб да мора да чека до следното лето за ангажирање на Килијан Мбапе кој им е главна цел.

Влаховиќ е поефтин и помлад од Хари Кејн (Кејн е на пат да прејде во Баерн Минхен), а според некои шпекулации, можно е Реал да го добие Србинот на позајмица од една сезона, со што Јувентус би заштедил 12 милиони евра колку што е годишната плата на голгетерот. Влаховиќ со Реал би играл во Лигата на шампионите, што истотака е магнет за него.

Минус му е што Србите не се снаоѓаат најдобро во Реал, уште е свеж примерот со Лука Јовиќ, па затоа Влаховиќ се гледа како краткотрајно решение за една сезона, а не на подолг рок како лидер на нападот на тимот, иако тоа може и да се смени ако тој се докаже во белиот дрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести