Ако некој може да направи чудо и да го елиминира Арсенал по 0-3 на првиот меч, тоа е само Реал Мадрид, убедени се фановите на Кралскиот клуб. Можеби е така, но Реал ќе треба да ја прикаже својата најдобра игра, а Арсенал најлошата за да се случи чудото и шпанскиот тим да оди во полуфиналето на ЛШ.
Вечер на Реал му треба победа од минимум три гола разлика, и тоа три гола разлика се само за продолженија, не и за сигурен пласман понатаму.
Арсенал ја има најдобрата одбрана во Премиер лигата и не е лесно да им се дадат 3-4 или повеќе голови. Од друга страна, Реал не игра добро во последно време, речиси пред два месеца беше неговата последна победа, а да не е минимална.
Во јануари беше последната победа на Реал со резултат (5-1 против Салцбург) кој вечер би ги одвел во полуфиналето против ПСЖ. Фудбалските чуда се случувале и секогаш се можни, но овојпат пред Реал е еден исклучително сериозен предизвик кој ако не успеат да го реализираат, може да донесе многу последици за нив.