Реал Мадрид е доктор за „англиски пациенти“, Галатасарај и Шефилд нема да згрешат

6001 Челзи – Реал Мадрид (21 ч.)

Челзи е очаен, а тоа го покажува и фактот дека во 2023 година одигра 20 меча во сите натпреварувања, а има само четири победи, дури 10 пати загуби, а шестпати одигра нерешено. Во една ваква ситуација, кога за противник го има експертот за Лигата на шампионите, тимот на Реал Мадрид, јасно е дека лондонскиот тим нема што да бара и вечерва ќе биде елиминиран.

Реал Мадрид во претходната фаза ја покажа целата сила откако со 5:2 победи на „Енфилд роуд“ и сигурно Кралевите вечерва нема да калкулираат иако имаат предност од 2:0 стекната по првиот меч во Мадрид.

Предлог тип: 2 (2.50)

 

6002 Наполи – Милан (21 ч.)

Ќе биде шоу на „Диего Армандо Марадона“, каде што домаќините ќе треба да бркаат негатива од 0:1. Ова ќе биде трет меч во последните 15 дена на овие два тима, а Росонерите прво славеа со 4:0, а потоа и со 1:0, што значи дека самодовербата кај нив е на највисоко ниво.

Одамна се нема случено некој тим три средби по ред да не прими гол од Наполи, кој е лидер во Серија А, па и дефанзивата на тимот од Милано ќе биде на тежок испит. Водени од навиваите и еуфоријата дека за првпат може да стигнат до полуфинале од ЛШ, Наполи сигурно ќе игра без многу калкулации и ќе има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)

 

1952 Аланијаспор – Галатасарај (19:30 ч.)

Гостинот има многу поголем влог на овој дуел. Галатасарај е лидер и се надева да ја задржи оваа позиција и на крајот да се израдува на титулата. Аланијаспор е комотна на средината на табелата, но не треба да се заборави дека овој тим во 14 средби на свој терен има само три порази. Галатасарај е најдобар тим на гостински терен со девет победи во 13 средби.

Меѓусебниот биланс вели дека на осум од последните 10 меча било гол-гол, а седум пати било ГГ3+. На пет од овие 10 средби имало 4+ гола, па сето ова укажува на погодоци и вечерва.

Предлог тип: ГГ3+ (1.73)

 

1013 Шефилд јунајтед – Бристол сити (20:45 ч.)

Во последните две години овие ривали одиграле четири средби и сите завршиле со не повеќе од два гола.

Шефилд е втор во Чемпионшип и тоа е место кое води директно во Премиер лигата и сигурно на мечевите пред своите навивачи главна цел е освојување на трите бода, во меч на кој не би требало да има повеќе од три погодока.

Предлог тип: 1&0-3 (2.26)

 

1016 Милвол – Бирмингам (21 ч.)

Традицијата вели дека Милвол не губи од овој ривал, барем ако се видат резултатите на нивните осум последни средби. Неверојатна е статистиката која вели дека на 10 од последните 12 меча меѓу Милвол и Бирмингам немало повеќе од два гола, а дури деветпати било НГ, односно еден од двата тима да не постигне погодок.

Милвол сезонава дома има само четири порази од 21 меч, па јасно е дека ја има улогата на фаворит.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести