Реал Мадрид нема да биде првак на Шпанија и оваа сезона, откако двата порази од Сан Пабло Бургос и Морабанк Андора, им пресудија на Кралевите во разигрувањето за трофејот. Во моментов, тимот на тренерот Пабло Ласо игра само ревијален меч со Сарагоса кој не може ништо да смени. После двата кикса, на Реал попладнево му требаше победа на Гран Канарија против Валенсија, но тоа не се случи.
Барселона, Басконија, Валенсија и Сан Пабло Бургос се полуфиналисти и четирите тима кои ќе се борат за титулата во АЦБ лигата. Барса игра со Бургос, а домашната Валенсија со баскијците од Виторија. Реал за првпат после 2008 година не стигна ни до полуфиналето на плејофот.