Реал Мадрид е есенски шампион, историјата покажува какви се шансите и на крајот да биде прв

Нерешениот резултат на средбата Севилја – Барселона најмногу му одговараше на Реал Мадрид, кој на едно коло до крајот на првата полусезона си го обезбеди првото место во шпанската лига.

Кралскиот клуб кој во своите редови има голем број фудбалери кои нема да може да играат вечерва на гостувањето кај Атлетик Билбао, може да се надева на титула во оваа сезона, иако имало примери и кога есенска титула не значела дека Реал ќе биде првак и на крајот.

Откако за победа се доделуваат три бода, а тоа се 26 сезони, во 19 сезони првак на крај станувал тој што бил прв по првата полусезона. Тоа се 73 проценти од случаите. Реал Мадрид во својата историја 35 пати бил есенски првак, а во тие 35 сезони, 24 пати ја освојувал титулата, што е 69 проценти успешност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести