Со двата пенали за и едниот против, Реал Мадрид го зголеми водството во двете најважни статистички категории во историјата на Лигата на шампионите, посветени на пеналите.
Најтрофејниот европски клуб заедно со овие вечерашните два од првото полувреме против Селтик има изведено вкупно 56 пенали во ЛШ откако се игра во овој формат. Со тоа Реал е лидер. Го следат Барселона и Баерн со по 53 пенали, а далеку зад нив се Челзи и Манчестер јунајтед со по 34, Порто со 22, Јувентус со 31 и Арсенал со 30.
Интересно е дека Реал е клуб и против кој се досудени најмногу пенали. Против Кралскиот клуб со овој вечерашниот се шутнати вкупно 31 пенал, а против Барселона и ПСЖ по 29. Против Јуве 27, против Баерн, Порто и Ајакс по 25.