Реал Мадрид неочекувано загуби убедливо со 3:0 на гостувањето во Лондон од Арсенал, во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб е актуелен бранител на тронот во елитното натпреварување и сигурно нема да се предаде предвреме, а за реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, тимот на Карло Анчелоти ќе подготви нешто специјално.
Иако разликата е голема, Реал и во минатото се соочувал со слични предизвици кои на крајот успеал да го добие и да се радува. Еве некои од големите пресврти кои Реал Мадрид успеал да ги направи во своја корист.
Свежи се сеќавањата од полуфиналето во ЛШ во 2022 година, кога Манчестер сити имаше вупен резултат од 5:3, а до крајот на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ имаше само уште две-три минути. Реал тогаш успеа да даде голови во 90-тата минута и 90+1 минута за 5:5 и се избори за продолжение, во кое Кралевите постигнаа уште еден гол и победија со вкупен резултат 6:5. Таа сезона Реал стана европски првак.
Истата сезона Реал направи чудо и во двомечот против Пари сен Жермен. Во осминафиналето, ПСЖ имаше предност од вкупно 2:0, а остана да се одигра само уште едно полувреме. Тогаш се разигра Карим Бензема и постигна хет-трик само за 17 минути, па Реал отиде понатаму со вкупна победа од 3:2.
Во 2016 година Реал играше против Волфсбург во четвртфиналето од ЛШ. Волфсбург победи со 2:0 на првиот меч, а во реваншот свое шоу имаше Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик и Реал се пласира во следната фаза.
Во 2023 година, во осминафиналето, Реал го елиминира Ливерпул. Англискиот тим водеше со 2:0 на првиот меч на „Енфилд роуд“ и тоа во првите 15 минути. Реал веднаш возврати и до полувреме израмни на 2:2, а потоа на крајот постигна уште три гола за убедлива победа од 5:2. Во реваншот Реал славеше минимално со 1:0 за потврда на елиминација на Ливерпул.
Во полуфиналето во ЛШ во 2024 година Реал губеше со 1:0 во возвратниот меч против Баерн Минхен, а Јоселу беше херојот. Јоселу даде гол за 1:1 во 88-мата минута, а три минути подоцна погоди за победа од 2:1.
Во финалето на ЛШ во 2014 година Реал губеше со 1:0 од Атлетико до 90+3 минута, кога Серхио Рамос со глава погоди за 1:1 и се избори за продолженија. Во дополнителните 30 минути Кралскиот клуб беше убедлив, постигна уште три гола за победа од 4:1 и нов европски трофеј на Реа Мадрид.