Реал Мадрид минимално со 1:0 славеше над Осасуна во првото коло од шпанското првенство. Кралскиот клуб до победа стигна благодарение на голот на Килијан Мбапе на почетокот од второто полувреме.
Францускиот голгетер погоди од пенал, кој беше направен токму со фаул над него. Мбапе потврди дека е сигурен изведувач и неговиот гол беше доволен за три бода на мадридскиот гигант.
Интересна статистика беше истакната по овој пенал на Реал. Од почетокот на сезоната 2016/17 до сега, во корист на Реал Мадрид во првенството на Шпанија биле досудени дури 85 пенали. Тоа е рекорден број на пенали, а интересно е дека втор зад Реал е Барселона, но со дури 24 помалку изведени пенали во овој период.
Барселона има изведено 61 пенали, а трет е Атлетико Мадрид со досудени 51 пенали во нивна корист.
85 – Since the start of the 2016/17 season, Real Madrid have been awarded the most penalties in La Liga, with a total of 85. This is 24 more than FC Barcelona (61) and 34 more than Atlético Madrid (51). Pressure. pic.twitter.com/aLaomu7rPT
— OptaJose (@OptaJose) August 19, 2025

