Реал Мадрид е најголем губитник по дуелот Велс – Хрватска

Велс и Хрватска одиграа 1:1 во рамките од квалификациите за ЕП 2020, а многумина сметаат дека Реал Мадрид е најголем губитник. Капитените на двете селекции Лука Модриќ и Герет Бејл се соиграчи во дресот на Реал Мадрид, а синоќа немаа среќа кога се работи за повредите.

Модриќ мораше да го напушти теренот во 90-тата минута и тоа откако се пожали на повреда. Капитенот на Хрватска сигурно има посериозна повреда, но прашање е колку ќе паузира.

И Бејл делуваше исцрпен и повреден по завршување на дуелот. Капитенот на Велс не беше заменет, но со поткривнување на едната нога успеа да доигра до крај.

 

 

- Оглас -

Најнови вести