Реал Мадрид е најголемиот фудбалски клуб во историјата според истражувањето на Франс фудбал што опфати неколку критериуми.
Во предвид се земени трофеите на клубовите, индивидуалните признанија за играчите кои го носеле дресот на клубот, бројот на навивачи, приходите, вредноста на трансфер пазарот, историското богатство на клубовите и уште дузина категории, кои му донесоа место на врвот на шпанскиот гигант.
Реал Мадрид по сите критериуми собра 184 поени, седум повеќе од вечниот ривал Барселона. Во топ-10 има дури пет англиски тимови, а најдоброрангиран на третата позиција е Манчестер јунајтед со 151 поен. Баерн Минхен е четврти со 135 поени, па следат Ливерпул со 120, Јувентус со 107, ПСЖ со 94, Челзи со 91, Манчестер сити со 89 и Арсенал со 88.
Интересно е што во топ-10 нема ниту еден клуб надвор од Европа, што е малку и чудно, бидејќи се заборавени Бока јуниорс и Ривер Плата, потоа и бразилските гиганти Фламенго, Сантош, Сао Паоло, Коринтијанс, Васко де Гама….