Реал Мадрид е најреална опција за Мбапе, Ливерпул сепак не тргнува по потписот со напаѓачот

Реал Мадрид останува главен фаворит за потписот со Килијан Мбапе идната година.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а одличниот напаѓач од јануари ќе може да преговара со заинтересираните екипи, а како што стојат работите, изборот му е сведен само на две опции, да потпише нов договор со францускиот шампион или да го облече Кралскиот дрес.

https://twitter.com/footballespana_/status/1730897856024777142?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1730897856024777142%7Ctwgr%5E243c02041b625ee0f50b3be326d45b4d555e7472%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.football-espana.net%2F2023%2F12%2F02%2Freal-madrid-remains-kylian-mbappe-most-realistic-2024

Шансите на Реал Мадрид драстично се зголемуваат бидејќи според новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенберг, Ливерпул нема намера да се вклучи во трката за потписот со Мбапе.

За Црвените, најголем проблем претставува огромната плата на фудбалерот која моментно изнесува 65 милиони евра плус бонуси, и поради тоа управата одлучила да се откаже од Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести