Реал Мадрид е најуспешен европски клуб на сите времиња, од македонските прв е Вардар

Европската фудбалска федерација, УЕФА, објави ранг-листа на најуспешните клубови кои играле на европска сцена и првото место го држи најтрофејниот Реал Мадрид, кој од 1955 година наваму дури 13 пати бил континентален првак. Зад Реал се наоѓаат Баерн Минхен, Барселона, Манчестер јунајтед, Јувентус, Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс.

При бодувањето се гледа кој клуб колку години играл во еврокуповите, колку мечеви, колку титули има, колку бодови собрал, колку победи, ремија, порази, гол-разлика.

На оваа долга листа од 520 клуба која ја објави УЕФА има и осум македонски клубови. Највисоко е позициониран Вардар, кој е 146-ти најдобар клуб во Европа. По Вардар, следува Работнички на 186-тото место, па Шкендија на 255-тото. Слога Југомагнат (денешен Шкупи) е на 300-тото место, Силекс е на 342-рото, Победа е на 387-мото, Македонија Ѓорче Петров е на 474-тото и Ренова на 483-тото место.

- Оглас -

Најнови вести