Реал Мадрид е највреден фудбалски клуб, но е дури 11-ти во светот на спортот

Магазинот „Форбс“ објави список на највредните спортски клубови во целиот свет, а интересно е што фудбалските тимови не се меѓу првите десет.

Најбогат фудбалски клуб е Реал Мадрид кој е 11-ти, а е проценет на 6,07 милијарди долари.

На листата доминираат екипите од НФЛ лигата, а на првото место како највреден спортски клуб е Далас каубојс кој е проценет на девет милијарди долари. На второто место се наоѓа бејзбол тимот на Њујорк јенкис со 7,1 милијарда долари, а третото место го делат Голден Стејт вориорс (НБА) и Њу Ингланд патриотс (НЛФ) со вредност од седум милијарди долари.

Втор највреден фудбалски тим е Манчестер јунајтед со шест милијарди долари и е 13-ти на ранг-листата, Барселона е 18-та (5,5 милијарди), а Ливерпул е 20-ти со вредност од 5,2 милијарди.

Европскиот шампион Манчестер сити во изминатите пет години напредуваше за 102 отсто и сега е 23-ти со вредност од 4,99 милијарди долари, додека Баерн Минхен е едно место подоле со 4,86 милијарди. Најголем ској на листата на највредни екипи направи ПСЖ и тоа од дури 332 отсто и сега вреди 4,21 милијарда.

- Оглас -

Најнови вести