10.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Реал Мадрид е омилена жртва на Мекалистер, свирежи на „Енфилд“ за Трент (Видео)

Ливерпул после многу пропуштени шанси и одбрани на Тибо Куртоа, конечно даде гол и поведе против вечерва бледиот Реал Мадрид со 1-0. Стрелец беше Алексис Мекалистер по феноменално нафрлување на Доминик Собослаи.

За Аргентинецот Мекалистер ова беше трети гол во ЛШ, а втор против Кралскиот клуб на кого му даде гол и лани. Следната сезона нема да има Ливерпул – Реал, поради поради правилото дека не може три години по ред еден ист тим да биде домаќин на некој ривал во лигашкиот дел.

Инаку, во игра влезе и „предавникот“ Трент Александер-Арнолд, детето на Ливерпул кој летоска се пресели како слободен играч со Реал и доби свирежи од публиката чиј херој беше до пред неколку месеци.

- Оглас -

Најнови вести