Реал Мадрид е подготвен да прекрши важно клупско правило само да го донесе Чаби Алонсо

Извесно е дека Карло Анчелоти на крајот од оваа сезона си заминува од Реал Мадрид, а најсериозен кандидат за негов наследник е тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Сепак, главното прашање кое си го поставуваат во Шпанија е кој ќе биде привременото решение и кој ќе ја води екипата на Светското клупско првенство во САД, со оглед на тоа дека Алонсо ќе ја преземе екипата дури после клупскиот Мундијал.

Во минатото правило беше како привремено решение да се назначува тренерот на втората екипа, односно на Кастиља, а во моментов тоа е легендата на „кралевите“, Раул, но прв кандидат е уште една клупска легенда, Сантијаго Солари, кој е директор во клубот.

Раководството на Реал Мадрид се плаши дека Раул може да го освои клупскиот Мундијал, а потоа ќе биде тешко да го сменат и да го вратат во Кастиља, додека за разлика од него, Солари, нема тренерски амбиции, па и до дојде до трофејот во САД, без проблем ќе ја напушти тренерската позиција.

- Оглас -

Најнови вести