Реал Мадрид е подготвен да оствари рекорден договор за централен дефанзивец со ангажман на фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба, објави каталонскиот „Спорт“.
Кралевите ги тестирале околностите околу играчот и добиле позитивен одговор. Преговорите во моментов се водат без голема врева, при што страните настојуваат да го зачуваат процесот максимално доверлив.
Салиба има договор со Арсенал до 2027 година, а идејата на Реал Мадрид е да го убедат играчот да побара трансфер во Шпанија ако биде понудена неодолива сума од 100 милиони евра или повеќе. Оваа цена би го соборила рекордот за трансфер на одбранбен фудбалер.
Вилијам Салиба е дел од Арсенал од 2019 година, а неговата моментна вредност е проценета на 80 милиони евра.