Реал Мадрид е пред реализација на трансфер вреден 50 милиони евра

Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Ливерпул и ПСЖ покажаа интерес за младиот, 18-годишен фудбалер на Лил, Лени Јоро. Сепак, според пишувањата на шпанските медиуми, младиот Французин својата кариера ќе ја продолжи во Кралскиот клуб. Неговата моментална вредност е 50 милиони евра, а толку се очекува да биде и обесштетувањето кое ќе му го плати Реал Мадрид на Лил.

Дефанзивецот за сениорската екипа на Лил одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и беше незаменлив во одбраната на францускиот прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести