Реал Мадрид е тимот со убедливо најмногу поништени голови од ВАР-системот

Реал Мадрид синоќа се намачи, но на крајот славеше на „Сантијаго Бернабеу“ со 1:0 против Севилја. Со оваа победа, Кралскиот клуб се врати на осум бода плус во однос на вечниот ривал Барселона, а девет повеќе од Жирона, која вечерва на свој терен игра против Рајо Валјекано.

Лука Модриќ го даде голот вреден три бода против Севилја, иако претходно домашниот тим еднаш ја тресеше мрежата на гостите. Лукас Васкес даде гол, но судијата го поништи по реакција од ВАР-собата.

Откако во 2018 година се воведе ВАР-технологијата во шпанското првенство, ова беше дури 27-ми погодок кој е поништен на Реал Мадрид со помош на повторената снимка. Кралевите се клубот со убедливо најмногу поништени голови.

Зад Реал е Севилја со 16 поништени гола, а потоа следуваат Атлетико Мадрид и Валенсија со по 14 поништени гола, Сосиедад со 13 поништени гола и Селта Виго со 12. Барселона е во група со Валјадолид, Еспаљол и Вилјареал со по 11 поништени погодоци во домашното првенство со помош на ВАР-системот.

- Оглас -

Најнови вести