Реал Мадрид едно полувреме се мачеше со четвртолигашот, а потоа го реши за помалку од 100 секунди (Видео)

Реал Мадрид немаше проблем и со комбиниран состав го победи четвртолигашот Арандина со 3:1 на гостински терен во меч од Купот на Шпанија. Кралскиот клуб едно полувреме се мачеше да го скрши отпорот на домаќините, па на полувреме резултато изненадувачки беше 0:0.

Арандина добро се бранеше до моментот кога домашните фудбалери направија фаул во шеснаесетникот и беше досуден пенал за Реал Мадрид. Хоселу погоди од белата точка и донесе водство за фаворитот и тој гол може да го видите ТУКА.

За помалку од 100 секунди откако погоди Хоселу, Реал Мадрид се израдува и по втор пат. Домашните тргнаа од центарот и веднаш ја загубија топката, а Реал Мадрид одлично го одигра нападот кој со погодок го заврши Дијаз и тој погодок може да го видите ТУКА. 

Во судиското надополнување имаше уште два гола и тоа по еден на двете страни. Прво погоди Родриго за 3:0, а сатисфакција за домаќините е погодокот на Кабрал во последните моменти од средбата.

Освен Реал Мадрид во следната фаза од Купот на Шпанија денеска се пласираа и останатите фаворити. Атлетико Мадрид на гости со 3:1 го победи Луго, Хетафе минимално со 1:0 славеше на теренот на Еспањол, а Жирона со 2:0 го елиминираше Елче и тоа на гостински терен.

Најнеизвесно беше на дуелот меѓу Уеска и Рајо Вајекано. Гостите победија со 2:0 и тоа дури по проголженија со два погодоци во 118 и 120 минута. Алавес беше единствениот домаќин што се радуваше и тоа минимално со 1:0 против Бетис.

- Оглас -

Најнови вести