14.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Реал Мадрид „фрли око“ на талент од Мексико, подготвен е да плати 35 милиони евра

Во последните неколку години, Реал Мадрид како главен фокус за доведување на млади играчи е од Јужна и Средна Америка. Според најавите од весникот „Ас“, Кралскиот клуб повторно се фокусирал за доведување на тинејџер од „преку океанот“.

Се работи за 17-годишниот играч за врска Гилберто Мора кој моментално настапува за тимот на Тихуана. Мора веќе цела година е еден од најспоменуваните млади таленти од Мексико и за него интерес покажаа многу клубови, но секако најголем од нив е Реал Мадрид.

Главна карактеристика на тинејџерот кој игра во офанзивната линија е неверојатната техника со која располага, прегледот иа играта и визијата која ја има. Во Мексико веќе го нарекуваат „чудо од дете“, а го сметаат и како иднина за мекиканската репрезентација.

Реал Мадрид во последните неколку години од Јужна Америка ги доведе Винисиус Жуниор, Родриго, Ендрик, Реинер, Мастантуоно… За Мора се споменува цифра од 35 милиони евра за трансфер, доколку некој сака да го откупи неговиот договор.

Мексико не е некој пазар на кој Реал Мадрид е активен, но фактот дека Мора вече има одиграно преку 30 меча за сениорскиот тим и на теренот покажува голема зрелост и лидерски квалитети е доволен знак за Кралскиот клуб да се заинтересира за неговите услови.

- Оглас -

Најнови вести