Реал Мадрид ги почести ривалите со новогодишен подарок (Видео)

Хетафе приреди големо изненадување со победата од 1-0 против Реал Мадрид. Голот го даде Енес Унал во 9-та минута, после катастрофална грешка на Милитао, кој како уште да е на одмор.

Хетафе девет и пол години немаше победа над Реал, а Кралскиот клуб на три од последните четири гостувања кај малиот градски ривал, не успева да постигне гол. Гостите имаа неколку шанси за изедначување, но голманот Давид Сорија беше одличен и не дозволи да биде совладан.

Голот на Унал е вториот најбрз кој Реал го примил сезонава. За Хетафе заврши серијата од шест меча по ред без даден гол против Реал.

Реал немаше пораз од 3 октомври, заврши серијата од 15 меча без пораз, а од 2015 година не почнале година со пораз, и тогаш со Карло Анчелоти како тренер. Екипите кои ги водел Анчелоти, три години не знаат за победа на натпревар на кој губеле по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести