Реал Мадрид ги потврди лошите вести: Фудбалерот кој вреди 90 милиони евра го очекува долга пауза

Екипата на Реал Мадрид и официјално ги потврди лошите вести кои пристигнаа од кампот на репрезентацијата на Франција. Според официјалните информации, повредата на Едуардо Камавинга е сериозна и тој ќе отсуствува од фудбалските терени околу два месеца.

Камавинга се повреди на тренингот на репрезентацијата на Франција откако се судри со Осман Дембеле, а настрадаа лигаментите на коленото. Фудбалерот на Реал Мадрид, кој е роден во Ангола, има 12 настапи за репрезентацијата на Франција, а во Кралскиот клуб пристигна од Рен во 2021 година за 31 милион евра. Неговата моментална вредност на трансфер-пазарот е 90 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести