Реал Мадрид го бара Мане, Ливерпул му „удри“ кралска контра

Реал Мадрид се обидува да го ангажира Садио Мане, но веднаш доби кралска контра од Ливерпул. „Црвените“ одговорија дека Сенегалецот не е за продажба и веднаш прашаа колку чини Винисиус јуниор. Крилото на Реал Мадрид моментно не игра бидејќи е повреден, но остави силен впечаток во дебитантската сезона што ја игра за Кралскиот клуб од Мадрид.

Реал ќе прави голема реконструкција на составот, тоа го најави и тренерот Зинедин Зидан, а една од желбите е да се ангажира извонредниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане.

Но, како што тргнало, „црвените“ не се даваат толку лесно, тие имаат амбиции да го задржат и засилат тимот, па Реал треба да се чува од опасната контра на Ливерпул и особено да внимава да не остане без талентираниот Бразилец Винисиус јуниор.

- Оглас -

Најнови вести