Реал Мадрид го брка играчот кој за 10 години одигра само 32 меча во дресот на Кралевите

Хесус Ваљехо заврши со играњето во Реал Мадрид, тврди шпанскиот портал Релево. Тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти, донел одлука дека повеќе не смета на услугите на овој дефанзивец. Италијанскио стратег добил поддршка за оваа негова одлука, па Реал реши во следниот период да се фокусира на Раул Асенсио, кој е од младинската школа.

Ваљехо оваа сезона одигра само 10 минути во дресот на Реал Мадрид, и тоа кога влезе од клупата за резерви на дуелот против Рајо Ваљекано на почетокот од сезоната. Реал во завршницата со Ваљехо на теренот прими два гола и едвај се спаси да не направи од готово-вересија и на крајот славеше со 3:2.

Иако во составот на Реал имаше многу проблеми со повредени играчи, посебно во дефанзивниот ред, па недостасуваат Алаба, Милитао, Рудигер, Анчелоти реши да го користи Чуамени како стопер, а Ваљехо остануваше на клупата за резерви.

Ситуацијата ескалирала кога Ваљехо требало да игра во меч од Купот на Шпанија против нисколигашот Депортиво Минеро. Ваљехо пред мечот побарал да има разговор со Анчелоти кога му соопштил дека не се чувствува физички подготвен за настап, иако лекарите не констатирале никакви недостатоци и проблеми. Со тој изговор да не игра против нисколигашот во Купот, Ваљехо си ги затвори сите врати во Реал.

Инаку Ваљехо е во Реал од 2015 година, кога за трансфер вреден шест милиони евра дојде како голем талент од тимот на Сарагоса, каде што беше и капитен. Сепак, дефанзивецот не се наметна во Реал и во 10 години одигра само 32 меча во дресот на најтрофејниот шпански клуб.

- Оглас -

Најнови вести