Реал Мадрид го чека нова пеколна ждрепка, се знае кои два ривала може да играат со Кралевите

Актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид го продолжува патот во Лигата на шампионите откако убедливо со 3:1 го победи Манчестер сити во реваншот од плејофот за пласман во осминафиналето.

Реал Мадрид уште еднаш потврди дека е најдобар кога е најпотребно и без никаква мака го победи и го елиминира англискиот шампион. Следниот предизвик за Кралскиот клуб ќе биде осминафиналето, каде што според полудиригираната ждрепка, веќе се знае кои се двете опции за можен ривал.

Во осминафиналето Реал Мадрид ќе игра против градскиот ривал Атлетико или против актуелниот германски првак Баер Леверкузен. Интересно е дека во овој „куп“ е и Баерн Минхен, кој исто така за ривал очекува еден од Атлетико или Баер Леверкузен.

Тоа значи дека 50 отсто има шанси да се падне во осминафиналето да има дуели меѓу Реал Мадрид – Атлетико Мадрид и Баерн Минхен против Баер Леверкузен.

 

- Оглас -

Најнови вести