27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Реал Мадрид го купи Алваро Карерас за 50 милиони евра

Шпанскиот дефанзивец Алваро Карерас (22) и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид. Трансферот од Бенфика е вреден 50 милиони евра, сума што Кралевите ќе ја исплатат во неколку рати.


Карерас потпиша долгорочен договор до 2031 година.

Во изминатата сезона, Карерас беше стандарден првотимец во португалскиот гигант, одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири голови и забележа пет асистенции. Во Реал доаѓа да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција, каде што тренерот Чаби Алонсо веќе располага со Фран Гарсија и Ферлан Менди.

Ова е четврто засилување за Реал ова лето, по доаѓањето на Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен и Франко Мастантуоно.

Интересно е што Карерас во младинските денови веќе бил дел од Реал, сè до 17-годишна возраст, кога замина во Манчестер Јунајтед. Потоа беше на позајмици во Престон, Гранада и Бенфика, која на крајот го откупи за 6 милиони евра.


Манчестер јунајтед имаше опција да го врати за 18 милиони, но одлучи да не ја активира клаузулата.

Карерас сега се враќа во Мадрид со многу поголемо искуство и амбиција да се избори за своето место во еден од најголемите клубови во светот.

- Оглас -

Најнови вести