22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Реал Мадрид го очекува најпеколниот распоред во клупската историја!

Реал Мадрид ќе одигра дури седум натпревари за помалку од еден месец, а според многумина, ова е најтешкиот распоред во историјата на шпанскиот гигант. Пеколниот маратон ќе започне утре, и тоа на гостување на легендарниот стадион „Енфилд роуд“ против Ливерпул. Ова е прв меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

По гостувањето кај Ливерпул, следува дуел на домашен терен, а на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне големиот градски ривал Атлетико Мадрид. По градското дерби, следува уште едно, поголемо дерби. Ел Класико во Мадрид, во дуел од полуфиналето од Купот на Шпанија. Тоа значи дека во тие 10 дена имаат три големи дерби-дуели.

Потоа следува помалку неатрактивен дуел против Бетис на гости, но теренот на Бетис секогаш е еден од „најжешките“ во Шпанија. На 11 март, Реал има уште еден каталонски ривал, но овојпат против Еспањол, а потоа следуваат уште два меча против Ливерпул и Барселона.

Реавншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул е на 15 март, а потоа Реал ќе гостува на „Камп ноу“ во меч од домашното првнство на 19 март. Со ова Ел Класико за Реал Мадрид ќе се комплетираат седумте натпревари само во 27 дена.

 

- Оглас -

Најнови вести