Реал Мадрид со 2:1 ја победи Осасуна во финалето на Купот на Шпанија и на тој начин мадридскиот гигант се израдува на трофејот. Цели девет години Реал се немаше израдувано на пехарот, кој вечерва го освоија по јубилеен 20-ти пат.
Бразилецот Родриго е херојот на победничкиот тим. Триумфот на Кралскиот клуб беше најавен со погодок постигнат за помалку од две минути од стартот на мечот. Винисиус направи продор, потоа асистираше за Родриго, а овој погоди за водство на фаворитот.
RODRYGO GIVES REAL MADRID THE LEAD JUST TWO MINUTES INTO THE COPA DEL REY FINAL 😳
What an assist from Vini! 🔥 pic.twitter.com/JzmOswk4CQ
— ESPN FC (@ESPNFC) May 6, 2023
И покрај рано примениот гол, Осасуна не се предаде, па тимот од Памплома стигна до 1:1 благодарение на погодокот на Торо во 58 минута.
🚀 ¡Qué manera de marcar tu primer gol de la temporada, Lucas!#CuestiónDeAlma | #CopaDelRey | #RealMadridOsasunapic.twitter.com/nNw0yrmWiY
— C. A. OSASUNA (@Osasuna) May 6, 2023
Радоста на Осасуна не траеше долго. Винисиус повторно имаше продор, топката дојде до Крос, кој шутираше, но неговиот удар беше изблокиран, а топката се одби до Родриго. Бразилецот од близина, непречен од никого успеа да погоди за 2:1 во 70 минута, а овој потег на крајот се покажа и како решавачки за триумф на Реал Мадрид.