Актуелниот европски првак Реал Мадрид, дури во третиот контролен меч во пресрет на новата сезона, се израдува на првата победа. Кралскиот клуб со 2:0 го победи Јувентус во меч одигран во Пасадена, САД.
На овој дуел се постави еден необичен рекорд и тоа по бројот на гледачи на стадион. За прв пат на еден фудбалски меч, во ерта на пандемијата со Коронавирусот, имаше преку 93.000 гледачи што е рекорд во светски рамки.
https://twitter.com/i/status/1553589609459634177
Карим Бензема во 19 минута погоди од пенал за водство на Реал, а откако во второто полувреме се направија повеќе измени во двата состави, погоди Марко Асенсио за 2:0 во 69 минута.
Освен што ова е прв триумф за Реал во подготвителниот период, ова е прв меч на кој Кралевите успеаа да ја сочуваат својата мрежа незатресена.