Од Реал Мадрид направија веројатно ненамерна, но непријатна грешка, за време на редовното Генерално собрание на клубот.
За време на емотивната почит кон починатите познати лица оваа година, клубот имаше намера да се сети и на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и на неговиот брат Андре Силва, кои ги загубија животите на 3-ти јули во сообраќајна несреќа.
Клубот им оддаде почит со видео, но постави слика од играчот на Елче наместо од братот на играчот на Ливерпул. Лицето на сликата до Жота не беше неговиот брат Андре Силва, туку играчот на Елче кој има исто име и презиме.
Да биде белјата поголема, Реал Мадрид баш вечерва игра против Елче и во нападот на тимот ќе биде Португалецот Андре Силва.

