Реал Мадрид го потврди првото засилување по освоената двојна круна (видео)

Антонио Рудигер и официјално е првата летна аквизиција на Реал Мадрид, потврди клубот само пред неколку минути.

Германскиот репрезентативец во следните четири години ќе ги брани боите на Кралскиот клуб според потпишаниот договор, а дојде како слободен играч откако му заврши петгодишната соработка со Челзи.

Во дресот на гигантот од Лондон, Рудигер запиша 203 настапи за пет сезони, во кои освои пет трофеи, а отсега ќе биде столбот на одбраната на актуелниот европски и шпански првак.

- Оглас -

Најнови вести