Реал Мадрид го претстави новото бразилско чудо, Ендрик (Фото)

Европскиот клупски првак Реал Мадрид го претстави своето ново засилување Ендрик пред навивачите на тимот. Ова се случи на специјална церемонија на „Сантијаго Бернабеу“, на која присуствуваа околу 40.000 фанови.


Како што е познато, 18-годишниот бразилски напаѓач пристигнува со трансфер од Палмеирас во вредност од 35+25 милиони евра, со договор на 3+3 сезони. Младиот талент избра да го носи дресот со број „16“ во новиот клуб.

Новиот фудбалер на Реал Мадрид беше претставен од претседателот на клубот, Флорентино Перес.

„Сега го претставуваме еден од талентите кои ќе играат важна улога во сегашноста и иднината на фудбалот. Чекавме да наполни 18 години за да го донесеме. Еден играч кој веќе ги возбудува љубителите на фудбалот. Драг Ендрик, ова е моментот за кој си сонувал уште како дете. Денес си тука со твоето семејство и девојката ти. Тие сакаат да те придружуваат по патот по кој ќе чекориш со најдобрите навивачи на светот. Иако си многу млад, доаѓаш со импресивна педигре, две титули на Бразил, еден Суперкуп и две национални титули на Сао Паоло, и тоа со еден од омилените тимови како Палмеирас. Ти стана една од ѕвездите што се издигнуваат во светскиот фудбал. Горди сме што те пречекуваме во ова големо семејство“, изјави Флорентино Перес.

- Оглас -

Најнови вести