Шпанскиот кошаркарски шампион Реал Мадрид официјално објави дека познатиот италијански стратег и актуелен селектор на Шпанија, Серхио Скариоло, е новиот тренер на клубот, наследувајќи го Чус Матео.
Иако оваа вест се шпекулираше уште минатата недела, вечерва пристигна и официјалната потврда од клубот.
Скариоло се враќа во редовите на Кралскиот клуб по повеќе од 20 години. Во својот претходен мандат со Реал Мадрид, тој ја освои шампионската титула во сезоната 1999/2000, а клубот го водеше од 1999 до 2002 година.
Како селектор на шпанската репрезентација, Скариоло освои вкупно осум медали, вклучувајќи злато на Европско првенство и на Светско првенство. Со Шпанија ќе настапи и на претстојниот Евробаскет, каде што ќе ја брани титулата, а тоа ќе биде и негов последен турнир на селекторската позиција.
Во клупската кариера, Скариоло ги предводеше екипите на Скволини, Басконија, Уникаха, Химки и Олимпија Милано. Последен клуб му беше Виртус Болоња, каде работеше до пред две сезони. Има искуство и од НБА лигата, каде што како асистент на Торонто репторс стана шампион во 2019 година.
👔 #BienvenidoScariolo 👔 pic.twitter.com/80JiLsrdxj
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 3, 2025