10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Реал Мадрид го скаутира талентот на Монако и ќе достави богата понуда (ВИДЕО)

Реал Мадрид покрај тоа што го посакува Килијан Мпабе во своите редови, сега покажува интерес и за талентот на Монако, Орлиен Чоуамени.

Играчот од средината на теренот игра одлично во оваа сезона, а Кралскиот клуб е подготвен да понуди 60 милиони евра за да ги озбезбеди неговите услуги, и тоа од наредното лето.

Тој ќе биде еден од играчите на коишто ќе се смета во иднина и заедно со Едуардо Камавинга ќе треба достојно да ги заменат Тони Крос и Лука Модриќ, кои чекорат кон завршување на нивните богати фудбалски кариери.

 

- Оглас -

Најнови вести