Шест меча се играат денеска во кошаркарската Евролига, а Реал Мадрид треба да продолжи со победничката низа иако игра на гости во Истанбул кај Фенербахче. Кралскиот клуб е перфектен со 10 победи во исто толку дуели, а Фенербахче му е еден од омилените ривали затоа што има девет победи во последните 10 меча против него.
На четири средби домаќините се во улога на фаворити и треба да се поблиску до победите. Монако и Олимпијакос имаат ист биланс од шест победи и четири порази и ова треба да е едно од дерби-дуелите за денеска.
Вкупно 58-мина играчи има на понудата за „плус-минус“ поени за оние кошаркари кои треба да се појават на терените денеска и утре.
Освен за бројот на поени, тука е и понудата за бројот на остварени скокови и поделени асистенции.