21.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Реал Мадрид и Арсенал ќе победат на гости, во Милано ќе биде нерешено

Останува само уште еден ден за типување на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Веќе голем број типувачи ги имаат пополнето своите типови, па може да се предвиди и исходот од викенд-натпреварите.

Повеќе од 60% од играчите веруваат во победа на Реал Мадрид на гостувањето кај градскиот ривал Атлетико, а гостинска победа се очекува и на Арсенал, и тоа кај Њукасл.

Во победа на Топчиите на „Сент Џејмс парк“ веруваат речиси 70% од играчите на Спортска прогноза.

Она што е интересно, а ќе биде во фокусот на македонската фудбалска јавност, е гостувањето на Наполи кај Милан. Типувачите веруваат дека Наполи нема да загуби на „Сан Сиро“, а дури 45% од играчите сметаат дека мечот ќе заврши нерешено, 23% очекуваат победа на екипата на Елиф Елмас, а 30% веруваат во победа на Милан.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести