Реал Мадрид и Барселона може да добијат пеколни ривали во осминафиналето во ЛШ (Фото)

Најдобрите 16 екипи во Европа ќе продолжат во Лигата на шампионите, а денеска во 12 часот ќе биде ждрепката која треба да даде многу појасна слика околу тоа кој клуб каква препрека ќе има во мисијата да оди во следната фаза. Како и претходниот пат така и сега се работи за полудиригирана ждрепка, па сите клубови чекаат еден од двата можни ривала.

Реал Мадрид, кој го елиминира Манчестер сити во плејофот за влез во осминафиналето, сега повторно ќе добие опасен ривал. Кралскиот клуб за противник ќе го добие градскиот ривал Атлетико Мадрид или германскиот првак Баер Леверкузен. Можно е да има и скпектакуларни двобои меѓу Реал – Атлетико и Баерн Минхен – Баер Леверкузен.

Опасна ждрепка ја чека и Барселона. Каталонскиот гигант може да влезе во клинч со Пари Сен Жермен, а на хартија малку подобра варијанта е за ривал да ја добие Бенфика. Има можност и Ливерпул да биде противник на ПСЖ.

Се знае дека Интер и Арсенал ќе добијат холандски противник, а опција им се Феенорд или ПСВ Ајндховен.

- Оглас -

Најнови вести