Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона сериозно се заинтересирани за талентираниот аргентински тинејџер Франко Мастантуоно. Овој 16-годишен тинејџер неодамна заигра и за сениорскиот тим на Ривер плејт и стана најмлад стрелец во историјата на овој аргентински гигант.
Франко е уште еден од серијата големи таленти на Ривер кој го привлекува вниманието на најголемите европски клубови. Неодамна Манчестер сити плати 18,5 милиони евра за Клаудио Ечевери (18 години), кој е играч за врска исто како и Франко.
Ечевери ќе остане на позајмица во Ривер до крајот на 2024 година, а потоа може да замине и на позајмица во Жирона во Шпанија, клуб кој е во сопственост на групацијата која е главна и во Манчестер сити.
Барселона или Реал Мадрид имаат ист план за Франко. Клубот кој ќе успее да го договори овој талент сигурно нема веднаш да го доведе во Европа, туку ќе го остави во родната земја да напредува, а потоа би се преселил во Европа. Моменталната откупна клаузула на Франко се проценува на 30 милиони евра.