Реал Мадрид одлучи да стави крај на двегодишната сага и да се откаже од ангажирање на Килијан Мбапе, објави радиото Кадена СЕР, кое редовно лансира сензационални вести поврзани со Кралскиот клуб.
Иако речиси сите го видоа Мбапе во дресот на Реал Мадрид идното лето, кога ќе стане слободен играч, денеска Кадена СЕР лансира „вистински земјотрес“ дека управата на Кралевите предводена од првиот човек Флорентино Перес и дефинитивно се откажала од ангажирање на одличниот напаѓач.
Кралевите во изминатите години се обидуваа да го ангажираат Мбапе, им нудеа вистинско богатство и на фудбалерот и на ПСЖ, но беа одбиени. Пред две години, Мбапе му зари нож во грбот на Перес, со кого имаше устен договор, кој не го испочитува и потпиша нов договор со францускиот шампион.
🚨‼️ El Real Madrid descarta el fichaje de Kylian Mbappé
⚠️ El club blanco descarta la incorporación del francés aunque decida no renovar con el PSG y salir libre el próximo verano
✍️ Información de @JGALLEGOonfire
#⃣ #ChampionsOnFirehttps://t.co/RfcwfG3PNd
— Carrusel Deportivo (@carrusel) November 8, 2023
Наводно причината за тоа е што фудбалерот бара премногу пари за плата и за потпис на договорот, а Реал Мадрид во својот тим има неколку фантастични фудбалери кои се помлади од Мбапе и одлучиле тимот во иднина да го градат околу Џуд Белингам.
Згора на тоа, Реал Мадрид го има веќе договорено трансферот на тинејџерската сензација Ендрик, кој доби повик за настап во репрезентацијата на Бразил иако сè уште нема 18 години, што доволно кажува за каков талент станува збор.