15.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Реал Мадрид и Каират поставија рекорд, сега на ред се Бодо и Тотенхем

Реал Мадрид славеше со 0-5 на гостувањето кај казахстански Каират, но овој меч ќе остане запишан во историјата на Лигата на шампионите како „најисточен“ во историјата. Шампионот на Казахстан, Каират, е дебитант во Лигата на шампионите, а своите мечеви ги игра во градот Алмати, кој се наоѓа длабоко во Централна Азија.

Вечерва границите на Лигата на шампионите се поместени и на север, бидејќи мечот на кој Бодо/Глимт е домаќин на Тотенхем се игра во новешкиот град Бодо и тоа е најсеверната точка на која се игра меч од елитната конкуренција во историјата.

- Оглас -

Најнови вести