Раководствата на Ливерпул и Реал Мадрид за време на денешниот заеднички ручек ќе разговараат и околу можниот трансфер на десниот бек Трент Александер-Арнолд, за кој Кралскиот клуб има сериозен интерес.
По тешката повреда на Даниел Карвахал, Реал остана без стартен десен бек и во Арнолд гледаат идеално решение за пополнување на празнината. Трент е близок пријател со Џуд Белингам, па и тоа е плус во евентуалниот премин од Ливерпул во Реал.
Договорот на Александер-Арнолд со Црвените му истекува во јуни. Реал има две опции, да почека до летото и тогаш да го земе бекот бесплатно или да му плати отштета на Ливерпул во јануари и Трент, кој одбива да потпише нов договор, уште зимава да се пресели во Мадрид.
Клубовите имаат пријателски релации и веројатно по денешниот состанок ќе биде појасно што ќе се случува со Трент Александер-Арнолд.